Во иформација за утрешните локлни избори во Макдонија бугарската приватна агенција БГНЕС оценува дека поранешниот МНР Никола Димитров и сегашен вицепремиер за евронитеграции шири омраза кон Бугарија.



„ И овој пат најактивен во омразата против Бугарија беше поранешниот министер за надворешни работи и актуелен вицепремиер Никола Димитров, кој рече дека „Бугарија не може да се нарече пријателска земја“, пренесува БГНЕС.

БГНЕС, нотира дека „Додека Заев во негов стил „ветува и верува во брзо решение на споровите меѓу двете земји“, за опозицискиот лидер сегашниот спор беше повод за жестока антибугарска кампања и обвинувања против Софија.

На почетокот на изборната кампања, тој дури повика на еднострано повлекување од Договорот за пријателство, склучен на 1 август 2017 година“.