Според информациите од ДИК, денеска ќе гласаат 7.921 болни и немоќни лица, како и 476 лица со Ковид-19 и во самоизолација.
Гласањето на болните и немоќните ќе го спроведуваат избирачките одбори, додека за гласањето на лицата со Ковид-19 и во изолација се формирани посебни избирачки одбори составени од медицински лица.
Во поседниот извод на Избирачкиот список се запишани 1 899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, во согласност со евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.






