Никола Карабатиќ (33) е главна ѕвезда на новиот календар Dieux du Stade (боговите на стадионот), кој веќе 15 години ги соблекува најголемите и најпознатите француски спортисти. Секоја година, изданието на Dieux du Stade се продава во најмалку 200.000 примероци, и сите приходи традиционално одат во добротворни цели. Овој пат приходите од продажба на календарот одат кај жените заболени од рак на дојка.
Познатиот ракометар се пофали со дел од фотографиите на социјалните мрежи, и веднаш предизвика лавина позитивни коментари.

Да се потсетиме, Никола Карабатиќ е француски ракометар со српско и хрватско потекло кој игра за ПСЖ. А еве и од каде вака бронзена боја и извонредно торзо. Тој со својот брат Лука (29) и пријателите летово се одмараа на Јадранското Море, а по завршувањето на претходната сезона еден од најдобрите ракометари на светот одмараше и во Франција и Шпанија со неговата девојка Џералдин Пиле и нивниот син Алек.




