Се вадат светилки и клупи за да се стави бина:Кандидатите за Куманово во нова вербална пресметка

Независниот кандидат за градоначалник за општина Куманово Максим Димитриевски го обвини противкандидатот од СДСМ Оливер Илиевски дека уништува урбана опрема за да постави бина.



И самиот градоначалник во заминување знае дека кога се поставува и монтира сцената, се отстрануваат сите елементи од тој простор и повторно се враќаат назад во првобитна форма и локација, рече Илиевски.

– Додека ние го градиме градот ти наместо да го штитиш јавниот имот го уриваш, нови клупи, канделабри и урбана опрема на градски плоштад, се уништува јавен имот за да се постави бина. Ова никогаш не било вака, зарем Куманово го заслужува ова? Зошто ваков вандализам, на кого даваш пример? Зошто го правиш ова Оливер? Срамота! – реагираше Димитриевски.

Илиевски веднаш се огласи со демант во кој вели дека опремата ќе се врати на своето место откако ќе заврши вечерашниот митинг.