Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, вели дека неговата партија ќе ја оствари најголемата победа од нејзиното формирање.,
Според него во првиот дел од кампањата, кој го нарече „прво полувреме“ ДУИ без сомнение победила, а за противниците рече дека имаат и непринципиелен однос и непринципиелна коалиција
На прашањето дали тоа што партискиот лидер Али Ахмети како следна цел најавува Албанец за претседател на државата е зелена агенда, портпаролот на ДУИ, Османи одговори дека Ахмети на состаноците со граѓаните ги објаснувал двете поглавја во политичкото дејствување на ДУИ од кои првото е уривање на стереотипите за етнички монопол на одредени функции, што само ѝ носи добро на државата.
Поглавјето на создавање заедничка држава кое заврши со претходните парламентарни избори во кое ДУИ со 100 отсто ефективност ги сруши сите табуа во државата дека граѓаните не се еднакви.
Успеавме да ги рушиме едно по едно сите зони на етнички монопол кои беа ексклузивно резервирани за една етничка заедница, завршувајќи со премиерот на Владата кој е договорен согласно договорот од 18 август, а ќе биде во последните 100 дена од оваа влада.







