Кит Харингтон (30) се верил со својата колешка Лесли Роуз (30). Тие живеат заедно од јануари годинава, а се надалеку познати, пред се, по улогите што ги остварија во сега веќе култната серија.
„Кит одамна сака да се ожени со Роуз“ изјави изворот близок на актерот.
Познатата двојка се запозна во 2012. година на снимањето на серијата „Игра на престолот” во која, меѓу другото играа и љубовници. Врската е неколкугодишна, но ја држеа во тајност, и ја потврдија дури минатата година.

„Беше лесно да се заљубите во неа, таа е жена за која отсекогаш сум сонувал“, изјави Кит.




