скусниот американски дипломат, Кристофер Хил, и експерт за ситуацијата во регионот, ќе биде назначен за нов амбасадор на САД во Србија, објавија српските медиуми.
Интересно е што првата служба на Кристофер Хил беше Белград, и бидејќи има 69 години, може да се повлече токму од Белград.
Тој ќе го замени Ентони Годфри, дипломат од кариера, кој беше во Белград од ноември 2019 година, како амбасадор.
Новиот американски амбасадор е искусен дипломат, познавач на регионот и близок пријател и соработник на американскиот претседател Џозеф Бајден.
„На овој начин американската администрација испраќа порака дека се грижат за Србија и Балканот. Тоа покажува дека американскиот поглед и разбирање за улогата на Србија на Западен Балкан се менува – вели извор од „Блиц“ од дипломатските кругови.
Фактот дека неговата прва служба беше во Белград, во голема мера ја одреди неговата кариера, која во најголем дел беше поврзана со Балканот.
Покрај Белград, тој служеше во Скопје и Тирана, но до ден -денес останува најпознат како американски специјален пратеник за Косово во текот на двете години војна. Тој исто така беше член на преговарачкиот тим на Ричард Холбрук за Босна. Беше и амбасадор во Јужна Кореја, Ирак и Полска.






