Холивудската ѕвезда Вилијам Шатнер, кој го играше капетанот Кирк во популарната научно-фантастична серија „Ѕвездени патеки“, стана најстарата личност во светот што ја посети вселената.



Шатнер, на возраст од 90 години, со ракетата „Blue Origin“ се искачи над 100 километри над Земјата.

Пред лансирањето во средата, Шатнер изјави: „Сакам да ја погледнам таа топка и да ја ценам нејзината убавина и истрајност“.

Поранешниот сенатор од Охајо, Џон Глен, претходната најстара личност во вселената, го задржува старосниот рекорд за некој што бил во орбитата. Глен мина речиси 10 дена во орбитата во октомври 1998 година, како дел од мисијата на НАСА во вселенскиот шатл.

За споредба, летот на Шатнер траеше само 10 минути.

Шатнер во 1960-тите го играше ликот на „Ѕвездени патеки“, капетан Џејмс Т. Кирк, и наскоро стана икона за научна фантастика.

Во 2014 година, НАСА го одликуваше Шатнер со најпрестижниот орден достапен за невладините работници-за охрабрување на младите луѓе да учат наука и „инспирација за генерации истражувачи, вклучително и многу астронаути и инженери кои се дел од НАСА денес “.