Наскоро во одредени објекти само со две примени вакцини

Mинистерот за здравство Венко Филипче најави дека наскоро би можело да биде воведена нова анти-ковид мерка, за што во вторник ќе дискутира Комисијата за заразни болести, а тоа се однесува на задолжителни две дози до вакцината против корона вирусот за да може да се влегува во одредени објекти каде е потребен сертификат за вакцинација.



-Ќе може да влегуваат само вакцинирани со две дози, наместо како досега само со една. Освен тоа, засега не се размислува за други мерки, истакна Филипче.

Инаку, според него не би требало да има силен бран на корона вирусот, но, „тоа не значи дека не треба да сме внимателни и треба да ја следиме состојбата“.

Министерот за здравство изјави дека засега здравствените власти не размислуваат за воведување задолжителна вакцинација, но дека ваквата можност не е исклучена особено во некои сектори. Вели дека се ќе зависи дали досегашниот опфат на вакцинацијата ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките.