Бугарски медиум за 11 Октомври: Антибугарскиот празник на Северна Македонија

Осврнувајќи се на вчерашната прослава на Денот на народното востание на македонскиот народ, бугарскиот портал „Вебкафе“ уште во насловот го означи 11 Октомври како „антибугарски празник на Северна Македонија“.



„11 Октомври е еден од големите национални празници на Република Северна Македонија. Всушност, тоа ѝ е националниот празник за време на Социјалистичка Република Македонија, која беше дел од Југославија.

Што празнуваат на тој датум соседите? На тој ден во 1941 година почнува ‘партизанскиот отпор’ на Комунистичката партија на Југославија во областа Вардарска Македонија администрирана од Бугарија. Или кажано со наши зборови, нашите соседи празнуваат како едни комунисти почнале борба против ‘лошите Бугари’.

Идејата за злиот бугарски окупатор има едно многу централно место во македонскиот национален идентитет.

Се разбира, секоја историја кога ќе излезе надвор од своите научни рамки има потреба од еден добар злосторник. И децении на ред Бугарија и Бугарите систематски се ставани во таква форма, додека луѓето со бугарска свест во рамките на Северна Македонија се присилувани да се откажат од него“, пишува во коментарот на Стојан Попов за „Вебкафе“.