Мицкоски: Заев сексистички кон Арсовска, Шилегов аплаудира

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на ТВ21 рече дека премиерот Зоран Заев е примитивец, додека пак актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов аплаудирал додека Заев сексистички се обратил кон независната кандидатка за градоначалник Данела Арсовска.



Како што пренесува порталот на ТВ21 Мицкоски појаснил дека не ги знае околностите за неприсуството на Арсовска во вчерашното соочување на ТВ21 со против кандидатот Петре Шилегов, но кога тој би бил на нејзино место би размислил дали би дебатирал со, како што рекол, „една ваква личност“.