Активистката за еколошки права на граѓаните Ана Чоловиќ прави куса компаративна анализа на политиките на владата во енергетскиот сектор и не споредува со Босна и Херцеговина која е многу подалеку од Македонија во интеграција во ЕУ но има многу понапредни енергетски и еколошки мерки.
“Босна носи закон за поддршка на индивидуално производство на струја од нови обновливи и гарантиран откуп на вишокот од домаќинства, а кај нас фрчат тендери за набавка на јаглен. Безвезе е човек да каже дај да се угледаме на Босанците, ама еве за ова, треба”, анализира Чоловиќ.
Босна носи закон за поддршка на индивидуално производство на струја од нови обновливи и гарантиран откуп на вишокот од домаќинства, а кај нас фрчат тендери за набавка на јаглен. Безвезе е човек да каже дај да се угледаме на Босанците, ама еве за ова, треба.
— Ana Colovic 🐼 (@AnaColovic_) October 12, 2021





