Бугарија најавува нови преговори до крајот на октомври, потоа можеби и ќе се потпише нешто

Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев изјави дека Бугарија инвестирала многу во дијалогот со Република Македонија, како и тоа оти очекува конкретни дејствија од Скопје за трајно спроведување на Договорот за добрососедство од 2017, како и почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест.



Стоев информира дека преговорите на експертско ниво меѓу Скопје и Софија течат, и оти веќе се предадени бугарските предлози и текстови.

Тој истакна дека до крајот на октомври ќе има нов круг консултации меѓу Бугарија и Македонија и доколку се постигне согласност, она што ќе биде договорено, може да биде потпишано од двајцата министри за надворешни работи.

Стоев рече и дека продолжува дијалогот за ова прашање и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.