Премиерот Заев со кратко „не“ одговори за можна оставка ако СДСМ има послаб изборен резултат од ВМРО-ДПМНЕ на листата за општински советници каде на минатите избори владечката партија имаше предност од дури 115 советници.
Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече дека нема да си даде оставка без да образложи зошто ја отфрли можноста да замине со помалку гласови за советничките листи во општините.
На локалните избори во 2017 година, СДСМ збирно, во сите 80 општини, освои освои над 420 илјади гласови и околу 530 советнички места, наспроти 415 советнички мандати на ВМРО-ДПМНЕ, која во оваа „категорија“ тогаш освои над 335 илјади гласови.
Предходно на прашањето на Матеја Петровски од Алфа Заев рече дека поставувал интересни прашања но овој пат не рече ништо освен кратко не






