Андовска: Добро, бе, не ви е срам да повторувате „нашата земја“ место гордо да кажете „Македонија“? Ни денес?!

Дарија Андовска, професорка на Факултетот за музички уметности, реагира за еуфемизмите што ги користат претставниците на власта место зборот „Македонија“ за својата држава во обраќањата и честитките за Денот на народното востание на македонскиот народ.



„Добро бе, не ви е ни малку срам да повторувате ‘нашата земја’ наместо гордо да кажете МАКЕДОНИЈА? Ни денес?!

О, вие кутри, авторепресирани амеби“, коментира на Фејсбук уметничката директорка на фестивалот „Денови на македонската музика“.