„„..тука владата може да падне единствено ако некој важен вистински се бори против корупција“, пишува професорот и политички аналитичар Мерсел Биљали, во колумна за Плусинфо, по повод оставката на Себастијан Курц против кој почна истрага дека канцеларот со државни пари потплатувал медиуми за да му го креваат рејтингот.
„Тука е јавна тајна дека бројни медимуми функционираат принципиелно – секогаш на страната на власта, оти таму е чекчмеџето. Тука е сосема нормално да се рентат новинари и аналитичари, кои без срами перде со ангелски речник ќе ги фалат сите ѓаволски работи.
Бројни медиуми се полни со илјадници покриени зборови за да се сокрие голата вистина“, пишува Биљали кој потсетува дека дури и во Саудиска Арабија министри одговарале за корупција.
„Само тука можете јавно да ја полнете чантата со пари и слободно да си заминете кај што сакате, Австралија, Нов Зеланд, Белизе. И затоа секоја влада луѓето ја доживуваат или како тест, или како судбина, или како казна! А, мали умови продолжуваат да ги остваруваат нивните големи соништа!- пишува професорот.







