Ахмети од Сарај повика да се гласа за Шилегов зошто „не е оптоварен со предрасуди“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од предизборниот митинг во Сарај повика да се гласа за кандидатот на владиниот партнер СДСМ за нов градоначалнички мандат во Скопје, Петре Шилегов, бидејќи немал предрасуди.



„Има договори во овие политички активности, има партнерства. Имаме договор, договор што ни донесе придобивки како Албанци. Имаме договор за поддршка на кандидатот на нашиот коалициски партнер, господинот Петре Шилегов, кој работеше и не беше оптоварен со стереотипи и предрасуди. Блерим Беџети (кандидатот на ДУИ за Сарај – н.з.), но и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, потврдија дека Петре нема предрасуди. Најголемата пречка за мене е кога ќе забележам дека некој има предрасуди и има оптоварувања. Такво нешто не е забележано од него и би ве замолил да го поддржите за градоначалник на Скопје, бидејќи тоа ќе биде во корист на Сарај, Чаир, Бутел и другите општини каде што многу активности се меѓусебно поврзани“, рече Ахмети пред присутните.