Гаши: Владата ќе падне ако победиме во мнозинството општини

„’Со победата на локалните избори ќе падне оваа Влада’ – рече Африм Гаши, претседателот на опозициската албанска партија ‘Алтернатива’, на вечерашниот централен митинг во Куманово, на кој беше претставен Беким Салиу од Алијансата на Албанците, кој инаку настапува како заеднички кандидат за градоначалник на општина Куманово од опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА.

„Гаши нагласи: ‘Треба да се ангажираме максимално до 17.октомври. Имаме во рака голема можност. Постои големо мобилизирање. Направивме една голема коалиција. Имаме најдобри кандидати. Ако забележиме голема победа на овие локални избори, не само што промената треба да дојде на следните парламентарни избори, туку мислам дека промената може да се случи и без парламентарните избори. Оваа Влада не може да опстои, ако го освоиме мнозинството на општините на 17.октомври“

„Лидерот на ‘Алтернатива’ Гаши посочи која е, според него, ‘најпатриотската битка, која треба да ја извојува опозицијата во Македонија’: ‘Ние треба да сториме се да ги запреме оние стотици автобуси, кои заминуваат од Македонија секој ден, секој месец. Јас би бил среќен, ако спречиме само едно момче, само една девојка да не замине во миграција во текот на овие четири години. Миграцијата може да се спречи само со подобрување на економската состојба. Во врска со ова ќе ни треба помош и од централното рамниште и од општина Куманово. Ќе биде потребен сеопфатен ангажман.“ – информираше ИНА.

Извор: https://ina-online.net/gashi-kjo-qeveri-nuk-do-te-mund-te-qendroje-nese-i-fitojme-shumicen-e-komunave-me-17-tetor/