Што треба да направи Заев ако го следи примерот на Курц

Австрискиот канцелар Курц денеска најави оставка откако коалиционите партнери побарале негова замена за да не падне владата.



Курц заминува откако јавноста дозна дека австриската влада финансирала агенции за истражување и креирање на рејтинг на политички партии.

Ако Заев го следи примерот на Курц тој веднаш треба да замине од владата и од политиката затоа што владата и други институции под контрола на СДСМ досега дала десетици милионски тендери на агенцијата која се нарекува Рејтинг.

Во сите анкети на Рејтинг која ја води Никола Спасов , син на екс министерот на СДСМ Ѓорѓи Спасов, партијата на Заев е секогаш со одлични резултати на мерењата на јавноста.

Линк до јавните набавки

https://time.mk/javni/?naracatel=&firma=%D0%A0%D0%B5%D1%98%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3&start_datum=01%2F01%2F2008&end_datum=09%2F10%2F2021&opis=&group_by=