18 починти, 344 нови случаи на коронавирус

Во текот на изминатите 24 часа од последици на коронавирус починале 9 лица: 6 починати од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г), по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.



Дополнително, согласно Регистерот на починати со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години. Од пријавените лица, 6 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови.

Во последните 24 часа биле направени 4.926 тестирања, а регистрирани се 344 нови случаи на КОВИД-19.