„Куманово е тврдината на националниот отпор на Албанците во Македонија.’ – рече Беким Салиу, кандидатот за градоначалник на општина Куманово од Алијансата на Албанците, на централниот митинг на оваа партија одржан вечерва во овој град.“ – извести информативната агенција „Журнал“ и други медиуми на албански јазик во Македонија.
„Салиу кажа: ‘Доаѓаат најдобрите денови за Албанците во Македонија, бидејќи победата е наша. Оваа победа ќе стане реалност не само во Куманово, туку и во секоја општина, каде што се натпреваруваме на локалните избори. Куманово им припаѓа и на Албанците. Тоа е тврдината на националниот отпор на Албанците во Македонија. На ниеден начин не смееме да го напуштиме прагот на нашата куќа, без да докажеме дека има Албанци, кои го бранат Куманово.“
„На митингот зборуваше и Елми Азири, пратеникот од Куманово во Парламентот од редовите на Алијансата на Албанците. Тој нагласи: ‘Овој изборен натпревар треба да се смета како една алка, како една битка, за да се случи големата промена кај Албанците во Македонија. Ова е претпоследната трка, по која доаѓа големата промена. Кога ќе се случи големата промена, ќе се смени Законот за територијална поделба. Ќе се смени Законот за финансирање на општините. Ќе се смени моќта на градоначалниците. Општините ќе зајакнат. Не може да се зборува за локални проблеми, исклучувајќи ја централната власт. Општината во Македонија е Македонија е само декор, бидејќи целата моќ е концентрирана во Владата, или кај премиерот.“ – информираше весникот „Лајм“.
Извор: https://zhurnal.mk/bekim-saliu-kumanova-bastion-i-rezistences-kombetare/
https://lajmpress.org/deputeti-aziri-kjo-eshte-gara-e-parafundit-per-ndryshimin-madh-qe-do-te-vjen-per-shqiptaret/





