Мицкоски: На власта паметот ѝ е само во „лоповлук“

Власта нема план за енергетска стабилност, паметот им е во лоповлук и не знаат како да се справат со енергетската криза која не очекува. Наместо да направат план за ископ на јаглен, тие увезуваат, наместо да направат набавка на гас тие прават егзибиции, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање во врска со инфлацијата и енергетската криза.



Мицкоски посочи дека инфлација веќе има затоа што, ако ги погледнете цените во малопродажба ќе видите дека цената на зејтинот е зголемена, и цената на млекото, брашното, бензините поскапуваат, а можно е зголемување и корекција на цената на електричната енергија за граѓаните.

– Стопанството тоа веќе го чувствува, сите компании кои се на слободен пазар за кои што онака храбро владата велеше дека направила реформи во либерализацијата на пазарот, веќе сега компании имаат сериозен проблем со обезбедување на финансиски средства за набавка на електричната енергија, бидејќи цената на електричната енергија е алармантна, 4 до 5 пати е поголема, од таа што беше пред 2 месеци за нешто што предупредував – изјави Мицкоски.