Македонскиот активист од САД, Гоце Панговски, им порачува на сонародниците да не очекуваат некој однадвор да им ги реши проблемите.
„По задушувањето на македонското Илинденско востание во жална Македонија се случуваат страшни погроми, колежи, обесчестувања од коишто светот е згрозен, но џабе, никој не мрда со мал прст.
Слично е и денес, а ние Македонците никако да се свестиме дека никој однадвор не може, не сака, а и не треба да ги решава нашите проблеми. Одговорноста и вината за сé што ни се случува е кај нас“, вели Панговски на Фејсбук.






