Академик Катица Ќулавкова смета дека преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат, бидејќи нејзините барања кон Македонија се спротивни на меѓународните конвенции.
Ќулавкова додава дека, според неодамнешните барања на бугарската страна, земјава нема гаранции дека наскоро ќе започне преговори за членство во Европската унија.
“И да имаме, мислам дека треба да се зачлениме на начин да не се самонегираме и да бидеме преседан, значи непримерен во човештвото”, вели Ќулавкова.
Ќулавкова додава дека ние се претворивме во преседан на Балканот, затоа што сите други држави се национални, а Македонија е мултиетничка, како и дека македонските политичари ги поддржуваат тенденциите што не се во интерес на Македонија, туку на нејзините соседи и други држави.





