Го утепаа: Условна + 50 евра казна за дивоградбата пред „Мавровка“

По една година правдата е задоволена.



Едно признание на вина, условна казна, и судски паушал од 3.000 денари.

Накусо ова е среќниот крај на приказната за тоа бетонско здание пред трговскиот центар „Мавровка“, дознава порталот „Призма“.

Ако лани во септември, Мевлудин Алити заедно со неговиот адвокат пред медиумите говореше дека правдата е на нивна страна и оти потрагата по неа ќе стигне до судот во Стразбур, приказната доби сосема поинаков тек, и тоа буквално во само едно судско рочиште.

Обвинетиот инвеститор, како што е наведено во правосилната пресуда објавена по барање на БИРН,  во јуни годинава признал дека е виновен.

Тоа значи дека за овој предмет не се изведувале докази, туку судот ја прифатил неговата вина и пресуда од четири и пол страници го осудил со условна казна затвор од две години, кои ќе бидат активни ако во следните пет не стори ново кривично дело.

Во диспозитивот се наведува оти Алити во јуни и во јули, без одобрение за градење, градел објект со површина од 330 квадратни метри.

Неговиот адвокат пред судот, меѓу другото, го бранел клиентот дека „градел на сопствени објекти“.ПРИЗМА