Минатата недела археолозите во женската гробница, во магацинот на Државниот завод за археологија во германскиот Хале пронајдоа сина стаклена лента што починатите ја носеле околу глава. По разгледувањето, експертите откриле дека станува збор за стаклена перла стара 3200 години која потекнува од рударска област во Авганистан. Со ова се докажува дека уште во бронзеното време било тргувано помеѓу Централна Германија и Месопотамија.

Перлата беше пронајдена во гроб покрај други 150 гробови од областа Саалекис, кои беа откриени во 2004. година. Тогаш темелно беше разгледана од археолози и куратори на Данскиот национален музеј.





