Поранешниот министер за финансии и министер за развој, Трајко Славевски предупредува од опасноста за „замрзнување„ на цените од страна ва Владата со цел да се спречел „ценовен шок“.



Искрено, не паметам кога за последен пат сме имале состојба на толку голем дилетантизам во водењето на економските политики во земјава од страна на една влада како што е тоа во моментов. Премиерот ветува покачување на платите, а неговиот министер за економија планира инфлацијата која подолго време громко тропа на врата и ги празни џебовите на граѓаните, за да ја скротува со замрзнување на цените, а не кажува кои цени, вели Трајко Славеваски за Плусиннфо.

„Прво, и на лаиците им е сосема јасно дека едното со другото не оди. Земји кои во минатото – би додал, во подалечното минато – биле соочени со галопирачка инфлација, доколку се одлучиле да посегнат по вака драстични мерки, истовремено вршат замрзнување и на платите и на цените. Ова беше честа практика во поранешната СФРЈ, а во инфлаторните 1970-ти години од минатиот век, замрзнување на платите и цените применија дури и некои развиени земји, како САД, Велика Британија и други.

(…)

Кога не умеете на вистински начин да спречите висока инфлација, замрзнувањето на цените доведува до празни рафтови во маркетите и редици за леб, млеко, масло за јадење и за други продукти, предупредува тој и заклучува:

„Водењето на економската политика, особено во турбулентни времиња, е работа за вистински професионалци“, вели екс-министерот за економија, Славевски.

.