Шилегов си ја навлече на грб Антикорупциската комисија

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на една недела пред избори си ја навлеч на грбот Антикорупциската комисија откако најави дека сака да ја купи барокната зграда Градската куќа за 11 милиони евра.



Тоа го вклучи алармот кај антикорупционерите, кои најавуваат дека ќе ја чешлаат документацијата на градската власт.

„Државната комисијата ќе постапи и ќе го разгледа случајот од аспект на корупција и судир на интереси обезбедувајќи информации и потребна документација, односно дали наведената набавки е предвидена и со Годишните планови за јавни набавки за 2021 година, дали нивната реализација е планирана во овој период и дали за истите се предвидени и обезбедени средства. По анализа на документацијата, наодите ќе ги изнесеме во јавноста“, изјавиле од од Антикорупциска комисија за телевизија 24.

Од Град Скопје потврдиле дека објавиле оглас за да купат куќа со посакувани критериуми каде би се сместиле градоначалникот и администрацијата, јави Плусинфо.