„Шилегов се фали со проектот и инвестиција „Лимак“ донесена од Коце Трајановски“

Петре Шилегов се фали со проектот на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека „Лимак“ е инвестиција донесена пред Шилегов воопшто да стане градоначалник, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.



Тие додаваат дека проектот за подземна сообраќајница кај Јужен булевар е проектот кој е врзан со изградбата на станбено деловниот комплекс „Лимак“, инвестиција донесена од ВМРО-ДПМНЕ, изградбата на сообраќајницата е составен дел на договорот и проектот, и во никој случај не може да се поврзе со Шилегов.

– Доколку се чекаше на Шилегов да ја направи подземната сообраќајница кај Јужен булевар, тоа ќе завршеше како тунелот под Кале, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. Шилегов нема еден единствен свој проект, велат од партијата и додаваат дека тој ќе остане запаметен како најнеуспешен градоначалник на Скопје, истакнуваат тие.

Од партијата посочуваат дека Шилегов е само добар повторувач, откако деновиве ги ископира проектите на Данела и половично презентирани ги кажува како свои сега почна и да презема проекти на ВМРО-ДПМНЕ од пред 6 години.

– Добро е што Шилегов ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така ги потсеќа сите дека во Македонија се што е направено во поновата историја е дело на ВМРО-ДПМНЕ, а по 17-ти октомври тие дела ќе продолжат со новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението.