Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ побарал од српскиот претседател Александар Вучиќ, на кусата средба во Бардо кај Крањ, да се реши прашањето за учебникот со кој се негира постоењето на хрватскиот јазик.
„Му реков да го реши прашањето со учебници кои практично го негираат постоењето на хрватскиот јазик “, изјави Пленковиќ за хрватските медиуми.
Хрватскиот премиер рече дека Вучиќ одговорил „дека ќе види што може да се стори во врска со тоа“.
Учебникот по граматика на групата автори „Од зборови до дела“ за учениците од осмо одделение во Србија наведува дека српскиот, словенечкиот, македонскиот и бугарскиот припаѓаат на групата јужнословенски јазици и дека „Хрватите, Бошњаците и некои Црногорци го нарекуваат српскиот јазик хрватски, босански, „босански и црногорски“.






