„Општина Гостивар и Црвениот крст најавија дека ќе им доделат финансиска помош на семејствата на 14 – те изгорени лица во трагедјата во тетовската ковид – болница, но немаат никаков список со нивните имиња, ниту какви било други информации, за да може да се предаде помошта. Но, од Министерството за здравство изјавуваат дека имињата на починатите не можат се уште да ги објават и оти се досега никој официјално не ги побарал.“ – објавува ТВ Клан Македонија.
На својот интернет – портал во освртот под наслов „Трагедијата во Тетово: кај останаа парите ветени за семејствата на жртвите?!“ оваа телевизиска куќа пишува: „Два дена откако се случи трагедијата во модуларната ковид – болница Советот на општина Тетово одлучи да додели финансиски средства за семејствата на жртвите. Теута Арифи, претседателката на општина Тетово најави дека ‘Фондот за итни случаи на општина Тетово ќе им помогне на семејствата, кои ја доживеале големата трагедија.’ Истото го соопшти и Советот на општина Гостивар. Помош најави и Црвениот Крст.“
ТВ Клан Македонија дополнува: „Од општина Тетово велат дека парите им се предадени на сите семејства на жртвите, освен на едно семејство, за кое се очекува да поминат 48 часови откако отворило сметка во банка. Од Црвениот крст нагласуваат дека се уште немаат официјална листа на жртвите и оти не знаат каде да ги адресираат парите. Со овој ист проблем се соочува и општина Гостивар. Од општина Гостивар велат дека парите се издвоени, но и оти немаат ниту банкарски сметки ниту каква било друга информација каде треба да се упатат парите.“
Телевизијата побарала официјална информација од Министерството за здравство зошто се уште не е објавен списокот со имињата на починатите: „Што се однесува до тврдењата на Црвениот крст дека ги очекуваат овие податоци од Министерството за здравство изјавуваат дека имињата не можат се уште да ги објават и оти се досега никој официјално не ги побарал имињата на починатите: ‘Досега ниедна институција не се обратила до Институтот и до Министерството за здравство, за да им се предаде листа со идентитетот на лицата, кои ги загубија животите.“
„Додека општините и Црвениот крст имаат проблем да ги најдат имињата на жртвите, разни портали денес ја обезбедија листата со нивните имиња и ја објавија преку социјалните мрежи.“ – заклучува ТВ Клан Македонија.
Извор: http://klanmacedonia.mk/tragjedia-ne-tetove-ku-mbeten-parate-e-premtuara-per-familjet-e-viktimave/





