Џенифер Лопез, која е родена во Њујорк од родители Порториканци, изјави дека донацијата од милион долари оди за повеќе хуманитарни организации и дека заедно со другите латиноамерикански ѕвезди ќе работат за да му помогнат на силно погодениот остров. Циклонот со себе однесе 33 жртви во Порторико.
По ураганот Марија, Порторико беше зафатен од поплави и лизгање на земјиштето. Оваа територија со 3,4 милиони жители е без струја и веројатно неа ќе нема со месеци, а телекомуникациските мрежи се скоро целосно уништени.
„Тоа беше најсилниот циклон кој го помети Порторико во текот на изминатите 20 години, а штетата е ужасна“, рече Џенифер Лопез на прес-конференцијата.

„Ние итно ќе го поддржиме Порторико и другите карипски острови”, рече Лопез на шпански. Условите за живот во Порторико не престануваат да се влошуваат од поминувањето на ураганот Марија.
„Бројни жители со саати стојат во ред, надевајќи се дека ќе добијат храна или други продукти, но многумина се враќаат со празни раце како се приближува времето за полициски час“ изјави Лопез.




