Колев: Создаваме нова иднина – Изградба на подземна катна гаража, реконструкција на кејот и нов велосипедски парк во Велес

„Изградбата на подземната катна гаража во центарот на градот ќе биде наш приоритет.



Над катната гаража за првпат Велес ќе добие плоштад.

Реконструкцијата на кејот на реката Вардар е исто така еден од капиталните проекти кои ги ветуваме. Помеѓу стариот и новиот мост ќе има нов кеј на реката Вардар. И од левата и од десната страна“ – ветува кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев.

Тој истакна дека програмата ја подготвувал во изминативе шест месеци, во консултација со граѓаните и стручни лица.

„Програма во која има 213 проекти. Од кои 126 се проекти наменети за урбаните месни заедници.

Во програмата има и голем број на капитални проекти.

Оваа прилика ќе ја искористам да промовирам само три проекти.

И третиот проект кој сакам да го промовирам во оваа прилика е изградбата на првиот велосипедски парк во Велес. Помеѓу Велес и езеро Младост. За љубителите на велосипедизмот да имаат соодветни услови за развој и напредок.

Оваа прилика сакам да ја искористам да ве повикам сите заедно да ја прочитаме оваа програма. Јас не ветувам нешто што не можам да реализирам“ – вели Колев.