Нобеловата награда за хемија за 2021 година им беше доделена на Германецот Бенџамин Лист и Шкотланѓанецот Дејвид В.Ц. Мекмилан. Кралската шведска академија објави дека научниците се наградени за „генијална алатка за градење молекули“, која помогна во развојот на нови лекови и ја направи хемијата „позелена“.
Ним им беше доделена наградата „за развој на асиметрична органокатализа“.
„Нивните откритија поттикнаа сосема нов начин на размислување за тоа како да се комбинираат хемиските молекули. Овој нов сет алатки е широко користен денес, на пример, во откривањето нови лекови, како и во производство на фини хемикалии, а човештвото веќе има големи придобивки“, рече Пернила Витунг-Стафшеде, член на Нобеловиот комитет за хемија.







