Бежоска: Не е алармантно, но стапката на инфлација ќе порасне

Народната банка ќе ја ревидира проекцијата за стапката на инфлација за годинава – потврди гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за порталот Фактор. Бежоска потенцира дека не станува збор за раст на цени кој е алармантен.



„На почетокот на ноември кога се очекува да ги финализираме макроекономските проекции ќе излеземе со нова проценка за инфлацијата за  оваа година, но извесно е дека таа бројка ќе  биде умерено повисока од 2,2 проценти“- изјави Бежоска.

Првичната проекција на централната банка беше дека инфлацијата годинава ќе биде 1,5 проценти, по што следуваше корекција нагоре на 2,2 проценти.