Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека во ЕУ ја разбирале суштината на проблемот што постои помеѓу Бугарија и Македонија, а тоа според него било „систематско уништување на бугарското културно-историско наследство во оваа земја“ како и „потиснувањето на основните права“ на Бугарите во Македонија.
Шефот на бугарската државата, во изјава за бТВ пред Саитот ЕУ-З.Балкан рече дека Бугарија не става вето и не го запира процесот на приближување на Македонија кон ЕУ, но инсистира на тоа да се почитуваат европските принципи и да се искорени говорот на омраза.
Радев истакна дека нема напредок во договорот, кој вклучува заштита на правата на македонските Бугари. Тој, исто така, го истакна прашањето за учебниците, кои не треба да шират омраза.
Радев рече дека повикува на европска солидарност, бидејќи потиснувањето на правата на македонските Бугари, кои исто така се државјани на Бугарија, е предизвик и за ЕУ, бидејќи, како бугарски државјани, тие се и граѓани на Унијата.
Радев вели дека „РСМ не може да очекува промена на владата за да ги смири проблемите – тоа е губење време.
Шефот на бугарската држава инсистира на безусловно исполнување на духот и словото на договорот склучен во 2017 година, пренесуваат бугарски медиуми.







