За Зоран Заев, Филипче е поважен од утехата што треба да ја имаат семејствата на 14 – те жртви живи запалени, а тој излегува и ни кажува денес дека ниту министерот за здравство, ниту заменик -министерот, ниту директорот ниту градоначалничката на Општина Тетово, имаат каква било одговорност влели лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
И знаете каде ќе бара одговорноста овој валкан човек. Ќе се обидува да бара кај оние што со месо и душа се обидуваат да им помогнат на пациентите, на медицинскиот персонал во Тетово кои немаат никаква вина. Има многу елементи за кои обвинителството треба да постапува.
Прво, 11 -годишен директор кој е вршител на должноста.
Второ, градоначалничката која нема направено техничко прифаќање на болницата, и уште не дале дозвола за објектот, додека според законот за секој објект на територијата на општината дава дозвола општината.
Трето, недостатоци на преградни sидови на објектите што би го спречиле ширењето на огнот.
Четврто, недостаток на апарати за гаснење на пожарот и денес тие луѓе би биле спасени
Петтата причина е присуството на роднини на пациентите во просториите на модуларниот центар, што дојде како резултат на недостаток на медицински персонал.
Тој додаде дека ова е директна одговорност на премиерот Зоран Заеви дека за пожарот во кој загинаа 14 граѓани во Тетово ќе има одговорност и покрај, како што рече, обидот да се сокрие вистината.







