Откако пред две години ја беше продадена веќе изградената „Градска куќа“ под Кале, Град Скопје сега бара да купи објект во строгиот центар на градот.



Новиот објект во кој ќе бидат сместени градоначалникот на Град Скопје и градската администрација, мора да биде во строгиот центар на градот односно во Мал ринг. Да има површина од 4.000 до 9.000 метри квадратни, паркинг простор за 20 до 70 возила, обезбедена инфраструктура и имотен лист или лист за предбележување, стои во огласот што Град Скопје го објави за купување Градска куќа.

„Проценетата вредност за набавка на објектот не треба да биде поголема од 11 милиони евра со вклучен ДДВ. Парите се обезбедените од буџетот на Град Скопје, а плаќањето ќе се врши на најмногу 24 месечни рати“, стои во огласот објавен во неколку дневни весници, пренсува Скопјеинфо..

Рокот на поднесување на понудите е 15 календарски дена од денот на објавување на огласот, односно понудите треба да се достават најдоцна до 13 октомври.

Во ноември 2019 Шилегов ја продаде Градската куќа на ЕВН за 12,7 милиони евра.

Тогаш беше објавено дека изградбата на објектот на левата страна на Вардар и под Кале чинела 20,5 милиони евра.

Објаснувањето на Шилегов беше дека во неа немало место за сите вработени туку само за 350, ни и дека градската администрација требало да биде во центарот на Градот.