Бајден бара проширувањето на ЕУ да продолжи, вклучително и со Македонија

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нагласил дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан и да ја вклучи Македонија, објави на својот официјален твитер налог американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.



– Бајден и нагласил на Фон дер Лајен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, подвлекувајќи го нејзиното значење за регионалната стабилност, развој и просперитет, стои на твитер налогот на амбасадорката Брнз.

Во соопштението од Белата куќа за разговорот се наведува дека претседателот Бајден, ја потврдил неговата поддршка за Европската унија, како клучен партнер за Соединетите Држави, и неговата посветеност да продолжи со спроведувањето на резултатите од јунскиот самит САД-ЕУ.