Словенечката декларација за брз прием во ЕУ на балканските земји само убава желба на хартија

Изгледа дека идејата на Словенија за брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе остане само добра желба и ништо повеќе. Словенечки „Дневник“ пишува дека официјална Љубjана имала желба да вклучи текст во завршната декларација на денешниот самит на ЕУ со Западен Балкан дека проширувањето кон регионот ќе се случи најдоцна до крајот на деценијата, но, дека „тешко може да се очекува таква силна посветеност од Унијата“.



Утре и задутре словенечкото претседателство со Советот на ЕУ ќе се одржи во Брдо при Крањ. Денеска е неформалниот состанок на лидерите на ЕУ, додека утре е официјалниот дел од самитот.

Според декларацијата која ќе биоде ставена на маса, а во која увид имаше РСЕ, покрај поддршката за интеграции, содржи и акценти на ригорозни услови, исполнување на договорите за решавање на билатерални проблеми, како и поддршка за борба со пандемијата, криминалот, корупцијата и тероризмот.

„ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан кон европската перспектива, што е во наш заеднички стратешки интерес и останува наш заеднички стратешки избор“, се вели во декалрацијата.

Ова стои во драфт верзијата на Декларацијата која на 6 октомври во Брдо кај Крањ, во Словенија, ќе биде ставена на маса за потпис на Самитот ЕУ – Западен Балкан.