Хрватски „Јутарњи лист“, наводно имал можност за увид во нацртот на заклучок на Самитот Еу-С.Балкан што утре ќе се одржи во Брдо кај Крањ во тој текст „нема датум за проширување на Европската унија“.



Според весникот, лидерите на ЕУ го отфрлиле предлогот на Словенија за прием на земјите од овој регион до 2030 година, така што „нема датум“, пренесува Јутарњи, истакнувајќи дека нацрт -заклучокот всушност е речиси копија на текстот објавен од Ројтерс на 28 септември, според кој Европската унија повеќе не може да гарантира идно членство за шесте земји од Западен Балкан “.

Јутарњи потсетува дека ЕУ отфрли јасен рок за членство во ЕУ по приемот на Романија и Бугарија, бидејќи двете земји, кога нивниот датум на пристапување беше одреден во 2007 година, престанаа со речиси сите реформи

Најновиот документ започнува со вообичаената фраза, колку е важен Западен Балкан, а потоа следува делот за условите за членство во ЕУ, според новата методологија.

Народски кажано, кога ги решаваме нашите проблеми, а има и такви, дури тогаш можеме да зборуваме за вашиот влез “, пишува Јутарњи.

Поради се’ ова, заклучува весникот, Западен Балкан е на пат да стане Источно партнерство – Молдавија, Украина, Белорусија.