Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, во понеделникот падна на шестото место на листата на милијардери на списанието Форбс.
Промената во рангирањето доаѓа откако 6,8 милијарди долари беа избришани од богатството на Цукерберг поради глобалните нарушувања на Фејсбук и поврзаните платформи за социјални медиуми.
Со тоа заврши турбулентниот ден за компанијата, која се соочува со тужба за нарушување на конкуренцијата и обвинувања за нерегуларности дека свесно придонела за упадот во Капитол на 6 јануари.
Овие прашања ја поттикнаа Белата куќа да коментира дека саморегулацијата на социјалните медиуми не функционира.
Марк Цукерберг, се извини за падот на социјалната мрежа.
Фокс њуз дури шпекулираше дека Фејсбук бил цел на хакерски напад.







