Измените на законот, изгласани во грчкиот Парламент, ја намалија цената на електричната енергија за домаќинствата, а Владата подготвува нови надоместоци од почетокот на следната година.



Државата го компензира зголемувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата со одлука на Парламентот, а потрошувачите веќе ги добија првите сметки со пониска цена за струја.

Министерот за енергетика Костас Скрекас најави нови намалувања на цените на електричната енергија од почетокот на следната година.

Владата ветува дека ќе ги коригира високите цени на нафтата за греење, како и на природниот гас со надоместок во рок од една недела, а Скрекас не го прецизира процентот на компензирањето.

Промената на законодавството им овозможува на клиентите што доцнат со плаќањето сметки за електрична енергија да го сторат тоа со одложено плаќање до 120 рати.