Името на поранешниот градоначалник на Белград и актуелен министер за финансии Синиша Мали се појавува во документите „Пандора“ поради неговите луксузни имоти во Бугарија.
Новинарска истрага откри дека Синиша Мали купил 24 луксузни апартмани во бугарското црноморско одморалиште Св. Никола во вкупна вредност од околу 5 милиони евра.
Мали ги отфрли наводите и призна дека купил само една куќа што се води на негово име, дознава БГНЕС.
Според Пандора Пејперс, сепак, Синиша Мали поседува станови и две офшор компании. Мали ги купи имотите во 2012 и 2013 година, кога беше економски и финансиски советник на Александар Вучиќ и заменик -премиер на Србија.
Истрагата на Меѓународниот конзорциум од 600 истражувачки новинари (ИЦИЈ) откри како политичарите и бизнисмените ги користат даночните раеви за лична корист. Меѓу оние кои имаат корист лично од офшор компании се украинскиот претседател Владимир Зеленски и поранешниот британски премиер Тони Блер.







