Коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива е првата сила меѓу Албанците и се очекува да освои мнозинство општини на локалните избори во доминантните албански средини .
Така вели најновото истражување на институтот „Аксиос“.
Според оваа анкета, 6,3% од граѓаните ќе гласаат за кандидатите на опозициската коалиција на претстојните локални избори, наспроти 6,1% за ДУИ.
И во македонскиот блок, опозицијата е во водство пред владејачката партија.
ВМРО ДПМНЕ води со 27,8%, додека СДСМ има поддршка од 23,3% од граѓаните.
Кои се одговорите на прашањето “За кои партиски кандидати ќе гласате на локалните избори”?
ВМРО-ДПМНЕ 27,8%
СДСМ 23,3%
AА-A 6,3%
Д.,УИ 6,1%
Истражувањето „Аксиос“ било спроведено од 24 до 28 септември, низ целата земја, додека беа анкетирани вкупно 1215 граѓани јавува ТВ Шења пренесува АЛМАКОС.





