Арифи ветува проекти за одржлив туризам во шарпланиските села

Актуелната градоначалничка на Тетово и кандидат за нов мандат од редовите на ДУИ, Теута Арифи пред граѓаните го презентираше делот од програмата кој што се однесува за руралниот развој.



Таа вели дека во досегашниот мандат се работело на патишта, канализациони системи, заштита од поплави и свлечишта, реновирање училишта и водоснабдување, додека за иднината се подготуваат проекти за зелена инфраструктура за подобар живот и за одржлив туризам.

–Со националниот парк Шар Планина го остваривме деценискиот сонот – создадовме подлога да ја заштитиме и нашата традиција и традицијата на нашето село во иднина. Одржливиот туризам ќе создаде нови работни места, подобри приходи и нови можности не само во градот, туку и во селата. Додека ги модернизираме селата без да го оштетиме нивниот уникатен карактер, ќе инвестираме во модерна инфраструктура, туристички капацитети и реновирање. Со субвенциите за туристичко сместување ќе им помогнеме на селаните да ги основаат своите туристички бизниси преку создавање на зашитени производи од органските плодови на Шар Планина, а преку специјална програма за земјоделците ќе го промовираме земјоделството. Со стручни курсеви организирани во селата ќе обезбедиме формално образование во селата со цел да ги обучиме менаџери за туризам, да создадеме туристички водичи и да создадеме други нови работни места, изјави Теута Арифи.

Таа најави и подобрување на јавните услуги во областите надвор од градот.