Техничкиот премиер на Република Бугарија, Стефан Јанев, смета дека по изборите кои ќе се одржат кај нас и во Бугарија, дијалогот помеѓу двете земји може да добие друга смисла и динамика, а спорот двете држави ќе го решат со дијалог и ќе најдат вистинска формула.
„Бугарија сака нормален дијалог, сака да запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија. Сакаме да запре лошиот однос кон луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија. Така што овие работи ќе се решат со дијалог и ќе се најде вистинската формула, се надевам во блиска иднина затоа што во моментов и во Македонија има локални избори на средината на октомври. Така, по тој период, крајот на октомври-ноември дијалогот можеби ќе добие друга смисла и динамика“,
На дополнително прашање дали се очекува промена и на бугарската позиција, тој вели дека не очекува такво нешто бидејќи ставовите на Бугарија се дефинирани и во рамки на Народното собрание.
И претходно во интервјуто тој нагласи дека Владата ќе го продолжи досегашниот курс на, како што вели, заштита на бугарскиот национален интерес. Тој, според Јанев, е поврзан и со интересите на други нации во ЕУ.







