Се комплицираат односите со Атина, Заев контра најновите грчки позиции (видео)

По враќањето од Њујорк премиерот Заев изјави дека лично не е подготвен да разговара за идентитетските прашања со јужниот сосед, кои што ги најави грчката страна во Обединетите Нации.



Ова е неговата позицијата на прашањето дали Македонија се согласува со четирите точки дадени од грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас кој  на брифинг со грчки новинари во Њујорк покрај името во спорот за името воведе уште три други теми кои што досега официјално не беа дел од разговорите.

Премиерот тврди дека со Коѕиас не разговарал за ниту една од овие теми за кои сега говори Коѕиас, дека со него се разговара само за мерките за доверба и за пријателство и дека Македонија нема да направи ништо што може да биде сфатено како провокација со цел кога ќе дојде време да се започне со суштински преговори за името.

Во одговорот во врска со Коѕиас, Заев ги претстави личните позиции но не прецизираше дали тоа е позицијата на целата влада, ниту дали ќе се повлече од преговорите доколку Грција не одстапи од своите барања.

Пред неколку години тој рече дека за да влезе во ЕУ и НАТО треба да се свитка кичмата а подоцна и дека на неговата партија не и одговара патриотизмот како политички модел на однесување.

Целиот одговор на Заев  во врска со најновите условувања од Атина од видеото на Новатв.мк