„Прв извиднички одред“ суспендиран од Сојузот на извидници на Македонија

Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) донесе одлука за привремена суспензија на Прв Скопски Извиднички Одред.



Одлуката доаѓа по „скандалот“ поврзан со организирање на кампот „Есенски бакнежи, секс, скаут ен рокенрол“…

Сојузот на извидници изразува загриженост за настаните за кои се пишува во изминатите денови, и истовремено го осудуваат секое непрофесионално медиумско известување со кое неосновано се нарушува угледот на извидничката организација како целина.

Конечна одлука во однос на евентуалните дисциплински мерки ќе донесе Собранието на СИМ врз основа на резултатите од преземените дејствија за истражување на случајот, севели во соопштението на СИМ.