Заев чека извештај за пожарот во тетовската болница за да се изјасни за понудените оставки

„Колку е поскоро, толку подобро, за да ги решиме сите дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности. Ред е да се објави тој извештај за да можам и јас да го кажам својот став по повод понудените оставки од министерот и заменик-министерот“, изјави вчера премиерот Зоран, околу извештаите и анализите од вештачењето за пожарот во модуларната болница во Тетово.



Јавното обвинителството формирало работна група за овој случај. Обвинители од гостиварското и од скопското Вишо јавно обвинителство ќе бидат дел од предистражната постапка.

Во моментов, на предистрагата за опожарената модуларна болница во Тетово работат девет обвинители.

И по три недели останува нејасно од што настанал пожарот.

Нема одговорот ни на прашањето дали пристигнал извештајот на германските експерти, чијшто тим по пожарот пристигна во земјава и требаше да им помогне на македонските иследници во утврдување на причината за трагедијата.